Етеми: Зграда кај „Мајчин дом“ ќе градам и ќе има три пати повеќе зеленило од сега

По информацијата објавена во дел од медиумите дека зградата кај Мајчин дом во Аеродром нема да продолжи да се гради, 1Тв го контактираше инвеститорот Фатмир Етеми. Тој ги демантираше овие тврдења, упатувајќи на правосилното одобрение за градба издадени од општината, со кое му се гарантира правото да продолжи со изградба на проектот.

Деталниот урбанистички план е донесен од минатите власти, а јас сум ги добил сите дозволи и сум ги платил сите комуналии и давачки кон општината и не може да ми се забрани уставно загарнтираното право да управувам со мојот имот" – вели Етеми за 1ТВ.

Иако градежните активности се уште се во мирување, поради привремената забрана од општина Аеродром, тој тврди дека изградбата сепак ќе продолжи, а за досегашните финансиски загуби, кои достигнуваат и милионски суми, Етеми најавува тужби. Овен тоа, тој посочува дека тој не е единствниот кој со запирање на изградбата трпи загуби.

Поврзани

Најнови вести

Коментари