Делови од Карпош и Кисела Вода без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергијa ќе бидат дел од скопските населби Карпош и Кисела Вода.

Во период од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците од дел улица Козле 3 во општина Карпош, како и корисниците од дел од улицата Нерешка исто така во општина Карпош и тоа во период од 09:00 до 14:00 часот.

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без струја во период од 09:00 до 11:00 часот ќе останат и дел од корисниците од улицата Жарко Зрењанин – непарни броеви од 173 до 187 во општина Кисела Вода.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари