Делови од Центар без вода

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека во текот на денот, поради отстранување дефект на затворач од водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм, некои од корисниците во општина Центар ќе останат без вода.

„Од 8 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата 50. дивизија, дел од улицата Јордан Мијалков и објектот на Министерството за здравство во општина Центар“, инфомираат од ЈП „Водовод и канализација“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари