Аеродром засадува 1.800 израснати дрвја

Во Аеродром во тек е акција за засадување 1.800 израснати дрвја на целата територија на општината.

„Разеленувањето на просторот е долгорочна мерка за зачувување на здравата животна средина, што е наш врвен приоритет“, изјави градоначалникот Златко Марин во врска со оваа акција и упати апел до граѓаните да поднесат барање до општината за засадување дрвја во нивните реони.

Како што информираат општинските власти, засега е разубавен просторот околу основното училиште „Лазо Ангеловски“, на улицата „Бојмија“ и кај кружниот тек кај Поликлиниката. Нови 75 зимзелени садници се засадени и пред основното училиште „Александар Македонски“.

Марин посочи дека во наредниот период ќе бидат опфатени и голем број други локации на територијата на општината, пред сѐ, потегот пред поликлиниката „Јане Сандански“, на улиците „Тодор Чангов“ и „Бојмија“, во населбата Мичурин, како и на други места.

Од Аеродром информираат дека за овој проект се издвоени 8 милиони денари од буџетот на општината, а исто толку се предвидени и за наредната година.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари