Селекторот Игор Ангеловски утринава одлучи Илија Несторовски да не биде дел од Македонската репрезентација за следниот квалификациски дуел против Германија кој в среда го играме во Дуизбург.

Оваа одлука е донесена врз основа на она што се случи вчера, и инцидентот кој го предизвика Несторовски, а селекторот по погледнатата снимка, реши напаѓачот да го изземе од составот.

“Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да и го соопштам на јавноста следното:

Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија”.

sportmedia.mk