На 25.05.2020 во 13.49 часот во СВР Скопје, Д.К.(21) од Скопје пријавил дека околу 13.25 часот на бул.„Крсте Мисирков“ бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.05.2020 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 21.30 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, А.Б.(25), В.Б.(48) и В.Б.(21), сите од Скопје, биле физички нападнати од А.Н и П.Н. од Скопје. Се
преземаат мерки за расчистување на случајот.