Златан Ибрахимовиќ не е тешко повреден. Иако тој во текот на вчерашниот ден го напушти тренингот на Милан со сериозни болки, сепак подоцнежните лекарски прегледи покажаа дека не се работи за кинење на ахиловата тетива.

Ова значи дека Милан, а и Швеѓанецот може да здивнат. Милан и натаму го има напаѓачот на располагање, додека пак кариерата на Златан Ибрахимовиќ и натаму е активна.