Во Хрватска и Словенија нема нови случаи на коронавирус

26.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Хрватска и Словенија нема нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа во Хрватска и Словенија не се потврдени нови случаи на коронавирус.

Во Хрватска втор ден по ред нема нови случаи. Од вкупно 2.244 потврдени случаи, оздравеле 2.046 лица, а 101 лице починало. Во Хрватска активни се 97 случаи.

Досега се тестирани вкупно 63.682 лица, а во последните 24 часа 1.260 лица.

И во Словенија, во последните 24 часа, не е регистриран ниту еден нов случај на коронавирус на 754 тестирани, а само девет лица со ковид-19 сè уште се наоѓаат во болница, објави  словенечката влада.

Вкупниот број потврдени случаи од почетокот на епидемијата е 1.469. Во последните 24 часа починал еден пациент со што бројот на смртни случаи достигна 108.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата