Грчки свештеник испрашуван од црковните власти затоа што давал причесна со повеќе лажички

26.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грчки свештеник испрашуван од црковните власти затоа што давал причесна со повеќе лажички

Дводневна регионална конференција на тема ‘Создавање работни места за поттикнување на еднаквост и просперитет’ ќе се одржи во четврток и петок во Скопје.

 

 

Конференцијата е организирана од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Меѓународната организација на трудот (МОТ) и се очекува учество на повеќе од стотина претставници – креатори на политики и експерти – од Југоисточна Европа и Турција.

 

“Создавање на повеќе и поквалитетни работни места е најголемиот предизвик за земјите од Југоисточна Европа. Високата стапка на невработеност, заедно со бавниот премин од образование до вработување, го попречува просперитетот на региониот”, вели Постојаниот координатор на Обединетите нации и Постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон.

 

Според неа, за справување со овој предизвик потребни се храбри и нови пристапи кон политиките за вработување како и повеќе напори за што подобро да се искористат можностите кои ги нуди процесот на европска интеграција.

 

 

На конференцијата ќе бидат претставени успешни примери на политики и програми за промовирање на претприемништвото како едно од решенијата за високата стапка на невработеност кај младите, прилагодување на програмите за развој на вештините преку со побарувачката на пазарот на трудот, поттикнување на одржливи и “зелени” компании, како и политики кои имаат за цел да го отворат пазарот за најтешко вработливите групи на граѓани. /крај/мф/ст

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата