26 лица од Кочани добија казни од по 2000 евра за прекршување на полицискиот час

26.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
26 лица од Кочани добија казни од по 2000 евра за прекршување на полицискиот час

Обвинетите 26 лица во одделни кривично правни настани, во периодот од 23 април до 22 мај 2020 година, го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Тие не ги почитувале мерките на Владата на Република Македонија за сузбивање на опасната болест предизвикана од коронавирусот, со тоа што пеш или со возило се движеле низ градот за време додека во сила била забраната за движење на населението на територијата на државата.

За стореното кривично дело, обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парични казни во висина од 500 до 2000 евра во денарска противвредност.​

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата