Охридските кафеанџии протестираат со химната

26.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Охридските кафеанџии протестираат со химната

Охридските угостители, заедно со колегите од другите градови, денеска, со пуштање гласна музика во своите објекти (од 12 – 18 часот), го креваат својот глас, и ги повикаа надлежните институции најитно да ја разгледаат можноста за повторно отворање на кафулињата и рестораните. Тие бараат да добијат и соодветни протоколи за работа во состојба на глобална пандемија, со цел, како што велат, навремено да се подготват и да ги адаприраат објектите на реалната состојба. Од „Кубе Либре“, симболично денеска одекна македонската химна.

Угостителите укажуваат дека штетите кои ги трпат од корона кризата се огромни и сериозно влијаат на нивната економска моќ. Стравуваат дека во прашање може да биде доведен и нивниот опстанок. Се жалат дека се уште не ги добиле потребните протоколи за безбедност во работата, но велат дека се подготвени да ги спроведат мерките на здравствените експерти за да се заштитат и себеси и гостите.

Според најавите, Владата на денешната седница, закажана за 16 часот, меѓу другото, треба да ги разгледа и предлозите за отворање на угостителските објекти и укинување на полицискиот час, согласно предлогот на Комисијата за заразни болести.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата