(Видео) Русија отвори истрага за кршење на правилата за летање по падот на Ми-8

26.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Русија отвори истрага за кршење на правилата за летање по падот на Ми-8

Рускиот истражен комитет соопшти денеска дека почнува кривична истрага за кршење на правилата на летање или подготовките за летање по катастрофата во која учествуваше воен хеликоптер Ми-8, пренесува „Спутник“.

„Отворена е кривична истрага за прекршок кршење на правилата за летање или подготовките за него, по катастрофата со хеликоптерот Ми-8“, се вели во соопштението.

Претходно во текот на денот, воениот хеликоптер Ми-8 падна во автономната област Чукотка на Далечниот исток од Русија додека изведуваше тренинг-лет. Четири лица загинаа во несреќата, информира руското Министерство за одбрана.

Експертите во моментот го проучуваат местото на инцидентот и ја запленуваат документација пред летот и примероци од горивото, додаде комитетот. Според првичните податоци, несреќата се случила поради технички проблеми, соопштија надлежните од регионот Чукотка, пренесува ТАСС.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата