Италијанците ќе добијат бонус од 500 евра за летување, но услугите на плажите ќе бидат повисоки за 20 отсто

26.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Италијанците ќе добијат бонус од 500 евра за летување, но услугите на плажите ќе бидат повисоки за 20 отсто

Во Италија, во август, поради правилата за ограничениот број на луѓе на плажи, ресторани и други јавни места, цената на десетдневен одмор би можела да се зголеми за 18 до 20 отсто во однос на минатата година, процени здружението за заштита на потрошувачи „Кодаконс“.

Резултатите од анкетата на јавното мислење покажуваат дека повеќе од 50 проценти од жителите на Италија не планираат летување, а од вкупниот број на оние кои ќе патуваат, 90,2 проценти од нив ќе го сторат тоа во рамките на границите на својата земја.

Се проценува дека почитувањето на мерките воведени за да се спречи ширењето на вирусот „Ковид-19“, кој тешко ја погоди Италија, ќе доведе до зголемување на цените.

Италијанската влада ги повика граѓаните ова лето да го поминат во својата земја, а како дел од пакетот мерки за ублажување на ефектите од епидемијата одредија бонус од 500 евра за семејствата со цел да им ги олеснат трошоците.

Сепак, Кодаконс процени дека чадорите, лежалките, паркингот, храната, пијалаците и другите услуги што се нудат на плажите ќе ги чинат Италијанците повеќе од порано.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата