Горивата поскапуваат

26.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Горивата поскапуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 2,5 и за 3 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3 денари на 57,5 денари за литар.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се зголемуваат за 2,5 денари за литар и со тоа малопродажните цени ќе изнесуваат: 59,5 денари, 49,5 денари и 37,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,929 денари на 23,427 денари за килограм.

„Трета недела по ред во просек како продолжува трендот на раст на цените на нафтените деривати на светските берзи. Цената на бензинот се зголеми во просек за околу 23,66%, а кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 16,74%. Цената на екстра лесното маслопорасна во просек за околу 20,86%, додека кај мазутот се регистрира зголемување во просек за околу 19,69%“, соопштија од РКЕ.

Во истиот период, курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,602 %.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата