Британската влада го брани советникот на Џонсон, притисокот од медиумите и опозицијата не стивнува

26.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британската влада го брани советникот на Џонсон, притисокот од медиумите и опозицијата не стивнува

Британската влада продолжува да го брани „интегритетот“ на Доминик Камингс, најблискиот советник на премиерот, од критики дека ги прекршил карантинските мерки наметнати заради ковид-19, но притисокот на медиумите поради неговото однесување и изостанокот на извинување не стивнува.

Камингс се најде на удар на критики, откако беше откриено дека, и покрај мерките за ограничено движење, тој решил да го напушти Лондон и да вози 400 километри на северот на Англија за да го остави својот 4-годишен син кај семејството за да се грижат за него.

Тој ја објаснил својата одлука велејќи дека тој и неговата сопруга, која во тоа време била болна, не можеле да организираат соодветна грижа за нивниот син во Лондон, ако се разболат од ковид-19, па сметале дека тоа било најдобро решение.

Неговиот случај, сепак, продолжува да ги полни весниците, а неколку британски весници денес го критикуваат дека не се извинил и ниту изразил жалење за начинот на кој се однесувал, поради што најавата на владата за отворање на продавниците на 16 јуни и дополнително олеснување на рестриктивните мерки паднала во втор план.

Дури и во редовите на неговите конзервативци бараат негова оставка, која Камингс решително ја отфрлил претходниот ден.

Камингс ги игнорираше повиците за оставка, но тоа го стори министерот во шкотската влада Даглас Рос. Според него, објаснувањето на Камингс се засновало на одлуки кои не биле достапни за другите.

Премиерот Борис Џонсон го бранеше Камингс, велејќи дека однесувањето на неговиот советник е претпазливо, законско и со интегритет.

Камингс е главниот архитект на успешниот референдум од 2016 година на кој мнозинство Британци решија да ја напуштат Европската Унија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата