Магдебург и македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски се решија да го прекинат тригодишниот договор. Денеска на својата официјална интернет страница, германскиот тим му се заблагодари на македонскиот ракометар и му посака се најдобро во иднина.

Збор-два кажа и тренерот на екипата Бенет Вигерт.

„Кузмановски е млад играч во кого продолжувам да гледам потенцијал. Ќе го набљудуваме и понатаму неговиот развој. Можеби повторно ќе соработуваме во иднина. Мене многу ми се допаѓа момчето и му посакувам се најдобро во понатамошната кариера“, истакна Вигерт.

Заминувањето на Кузмановски беше познато уште од порано. Тој во следните три години ќе го носи дресот на Хановер.