Денеска се игра 126. дерби меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, и може многу да одлучи за титулата. Тоа е најголемото дерби во Бундеслигата, со оглед дека овие два тима се најуспешни. Овие два тима ги освоиле вкупно 21 титула од последните 25 првенства.

Моментално двете најуспешни екипи во Германија е вистинска класика и сезонава, и ќе одлучува за титулата. И двата тима влегуваат во одлична форма, со две победи по „рестартот“ во Бундеслигата.

Да се играше со публика, стадионот во Дортмунд ќе „крцаше“ со преку 81 илјада гледачи, но вака ќе мора пред празни трибини. Тоа е предност за Баерн кој што сигурно дека му годи тоа што нема притисок од трибините.

Разликата во моментов изнесува четири бода во корист на Баварците, и евентуален триумф на Борусија ќе значи доближување, а евентуална победа на тимот од Минхен, ќе значи дека салатарата повторно ќе патува таму, и дека повторно ќе се залива со пиво.

Баерн редовно го победува Дортмунд, но во Минхен, додека ситуацијата во Дортмунд е малку поинаква.

Тренерот на Баерн Ханс Флик не мисли дека овој дуел ќе ја одлучи титулата, а од Дортмунд сметаат дека ова ќе биде еден од одлучувачките мечеви.

Интересно ќе биде и на дуелот во Леверкузен, каде што тимот на Баер го пречекува Волфсбург. Домашниот тим е во добра форма после двете стартни победи по „рестартот“. Ајнтрахт по катастрофата во Минхен, ќе бара победа во дуелот со Фрајбург, додека Вердер Бремен бара бодови за спас во дуелот со Борусија Менхенгладбах.

Standings provided by SofaScore LiveScore