Скопската вода за пиење е безбедна и квалитетна

26.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопската вода за пиење е безбедна и квалитетна

Квалитетот и безбедноста на водата за пиење во Скопје одговараат на Правилникот според чии критериуми се вршат санитарните анализи. Како што соопштуват од „ЈП Водовод и канализација“ – Скопје, санитарна контрола е извршена во периодот од 18.05.2020 до 22.05.2020 на 182 примерока за физичко-хемиска и 182 примерока за микробиолошка анализа од 38 мерни места во град Скопје.

-Согласно добиените резултати од испитувањата во Секторот за санитарна контрола, кој е прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), информира „ЈП Водовод и канализација“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата