Супер вести за сите во Борусија Дортмунд, пред се за нејзините фанови. Речиси е сигурно дека тренерот Лусеин Фавре за утрешното „Класикер“ дербито со Баерн Минхен ќе може да смета на двајцата сви клучни играчи, Матс Хумелс и Аксел Витсел, кои во изминатите денови беа на списокот на повредени.

“Со Матс се е во ред, секако дека мора почекаме до последен момент, ама 99% би можел да игра против Баерн. Додека Витсел тренираше со екипата и секако дека ќе биде во составот“ изјави денеска Фавре.

Утре е ден за големото, најголемото дерби во Германија. Со почеток од 18.30 часот во Дортмунд, се разбира пред празните трибина на “Сигнал Идуна парк“, Борусија го дочекува својот вечен ривал Баерн Минхен. Во случај на победа тогаш “милионерите“ ќе дојдат само на бод од лидерот и трката за титулата ќе ја направат супер интересна.  Во случај на триумф на “баварците“ тогаш се ќе биде решено.