„Ќе брмчи Иџе“ за поддршка на медицинските лица, полицијата и армијата

25.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Ќе брмчи Иџе“ за поддршка на медицинските лица, полицијата и армијата

Медицинарите и полицијата се нашите херои“ оваа порака денес ја пренесе најдобриот македонски автомобилист Игор Иџе Стефановски. Преку промотивната трка насловена ,,ќе брмчи Иџе“ тој дава поддршка на медицинските лица, полицијата, армијата кои се на првата борбена линија во справувањето со коронавирусот, вели министерот за внатрешни работи Наќе Чулев

Во изминатиот период полициските службеници покажаа високо ниво на професионалост, одговорност, но и подготвеност да се справат со сериозни предизвици. Министерството за внатрешни работи покажа високо ниво на организираност и е столбот кој ја обезбедува здравствената сигурност на граѓаните.

На барање на организаторите Министерството за внатрешни работи со своите ресурси даде поддршка на овој настан и со тоа уште еднаш искажуваме голема благодарноста за придонесот кон секој оној кој безпоштедно даваше се од себе во оваа борба.

На денешниот настан упатив благодарност до Иџе за овој гест кој е уште една потврда дека тој е спортист кој го сака својот народ и својата држава. Заеднички посакавме оваа состојба да заврши што поскоро и улиците повторно да бидат полни со луѓе, напиша Чулев на Фејсбук

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата