Македонија не ги исполнува условите за отворени граници на Црна Гора која прогласи победа над коронавирусот

25.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Македонија не ги исполнува условите за отворени граници на Црна Гора која прогласи победа над коронавирусот

Ја добивме битката ос опакиот вирус и Црна Гора стана првата држава којаа е ослободена од корона во Европа, рече премиерот Душко Марковиќ.

Премиерот на Црна Гора  ја започна денешната прес конференција со вадење на маската.

„Кога веќе сме дестинација ослободена од коронавирус, дозволете ми да ја соблечам маската“, рече Марковиќ на почетокот на прес-конференцијата.

Тој најави дека градинки и игротеки од следната недела ќе бидат отворени но и ќе се дозволат јавни собири до одреден број на луѓе на почетокот на јуни.

„Ќе бидат дозволени свадби, крштевки, ограничен број на гледачи на спортски настани, со соодветни мерки“, рече Марковиќ.

Во првите денови од јуни, границите ќе бидат отворени со земји што ги исполнуваат критериумите на Институтот за јавно здравје, имено Хрватска, Словенија, Албанија, Австрија, Германија, Полска, Чешка, Унгарија, Грција. За нас, работата не запре, ние мора да го спречиме влегувањето на коронавирусот и неговото ширење.

„Мерките, како што соопшти Институтот, треба да стапат во сила на 1 јуни, а тоа значи дека ќе дозволиме јавни собири до еден број. Веќе влегуваме во процес на воведување јавни собири со одредени мерки“, рече Марковиќ

Македонија не е на списокот на земји за кои ќе можат слободно да влезат во Црна Гора, причината за тоа е, како што беше речено, затоа што ние не ги исполнува условите на Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата