Холанскиот фудбалски шампионат одамна е прогласен за завршен и поделени се местата кои одат во Европа според моменталниот пласман. Немаше испаѓање, о сите екипи се сметаше дека се задоволни со ваквиот развој на настаните. Ајакс е среќен што ќе игра повторно во лигата на шампионите, а на тоа сепак има примедба тимот на Аз Алкмар.

Тој заврши втор на табелата со ист број бодови како и Ајакс, 56, но подобрата гол разлика го направи тимот од Амстердам да биде учесникот во Лигата на шампионите.

Сепак, Аз Алкмар смета дека не треба да биде меродавна гол разликата која е плус осум за Ајакс туку меѓусебниот скор. Аз два пати годинава го победи Ајакс. Затоа сега, тимот на Аз Алкмар не само што се жали на оваа одлука туку и испрати официјално писмо до УЕФА во кое ги појаснува нештата.

Дека гол разликата не е меродавна, објективна за силата на еден тим наспроти друг. Аз Алкмар тврди дека толкувањето на гол разликата е субјективно и променливо затоа што тие имале во старт потежок распоред од Ајакс.