Тенискиот турнир кој треба да се одржи во Белград и ќе стартува на 13 јуни, ќе биде посилен за тројца врвни тенисери. Тоа с Александар Звереев, Григор Димитров, и Домоник Тим.

Ова денеска го објави во интервју најдобриот  тенисер во светот Новак Ѓоковиќ кој е еден од промотерите и коорганизатор на турнирот. Истиот е од регионален карактер и ќе се одржи во пет различни градови од 13. Јуни до 5 јули.

Ѓоковиќ напомена дека списокот на учесници не е затворен и дека преговара со уште неколку мега звезди од светскиот тенис.