АВИОН СРЕДЕ ЛЕТ ПРИМОРАН ДА СЕ ВРАТИ: Не провериле дали аеродромот на кој требало да слетаат е отворен

25.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
АВИОН СРЕДЕ ЛЕТ ПРИМОРАН ДА СЕ ВРАТИ: Не провериле дали аеродромот на кој требало да слетаат е отворен

Германската нискобуџетна авиокомпанија, инаку ќерка фирма на Луфтханза, Евровингс, денес ја отвори линијата од Дизелдорф до Сардинија, без да провери дали аеродромот таму е отворен за меѓународен сообраќај.

Авионот на „Евровингс“ полета од Дизелдорф, но мораше да се врати, затоа што аеродромот на дестинацијата сè уште не е отворен за меѓународен сообраќај, пренесе телевизијата WDR.

Пред повторно да ја отвори линијата,од „Евровингс не провериле дали ограничувањата во земјата на конечната дестинација сè уште важат.

Небрежноста на компанијата била откриена кога авионот веќе бил на пат кон Италија, па авионот бил вратен назад во Германија.

Инаку, овој случај нема да има сериозни економски последици во однос на обештетувањето на патниците, затоа што во авионот имало само двајца патници.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата