Гафот на романскиот министер стана хит - Се вклучил во живо облечен во кошула и гаќи (ВИДЕО)

25.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гафот на романскиот министер стана хит - Се вклучил во живо облечен во кошула и гаќи (ВИДЕО)

Романскиот министер за спорт Јонут-Маријан Стро, стана хит на социјалните медиуми по јавувањето во живо во програма на телевизиската станица преку видео-врска, при што направи голем гаф.

Имено, во еден момент камерата го изгуби фокусот од лицето на министерот и падна под половината, и откри дека за време преносот министерот не носи панталони.

Водителот се шокираше, но министерот не дозволи тоа да го збуни и продолжи да зборува како ништо да не се случило.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата