Во Вухан 6,5 милиони луѓе тестирани за десет дена

25.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Вухан 6,5 милиони луѓе тестирани за десет дена

Во изминатите десетина дена, 6,5 милиони луѓе се тестирани за присуство на коронавирусот во Вухан, а целта е да се тестираат сите 11 милиони жители на тој град, јавуваат кинеските медиуми.
       
Градската здравствена служба ги повика сите оние кои не биле тестирани да се пријават до среда, за да може да се изолираат сите што се заразени, а немаат никакви симптоми на болеста.
       
Во Вухан не се пријавени случаи на Ковид-19 во последните десет дена, но со тестирање се откриени голем број на луѓе кои се позитивни без да го знаат тоа, бидејќи немале никакви симптоми. Кампањата беше започната откако шест лица беа заразени во една зграда, а властите тогаш одлучија конечно да го прекинат ланецот на ширење на вирусот со тестирање на сите жители. Во времето на епидемијата, кога Вухан беше светски центар на заразата, повеќе од три милиони луѓе беа тестирани во градот, јави агенцијата Синхуа.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата