Вардаровото знаме вечно ќе се вее, а вардаровата песна секогаш ќе се пее. Ова се стихови кои Комитите, верните навивачи на Вардар ги пеат на секој натпревар за својот миленик, а сега еве добија уште една песна која веруваме ќе им остане запечатена во нивниот репертоар.

Откако пред неколку дена Драган Спасов Дац и Александар Митевски ги позадравија ракометарките на Кометал ЃП, денеска излезе ново видео, наменето за РК Вардар.

Како што велат самите, направија карантински микс од песната која излезе лани,а денеска е само преработена. Оригиналната песна е токму на Комити, на оние од постарата генерација, кои спонтано пред извесно време ја создадоа оваа верзија на песната од Маријана и Росана, а истата стана вистински хит, не само на мечевите на РК Вардар туку, и насекаде во Скопје и Македонија.