Шпанија од 1 јули се отвра за странски турити

25.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шпанија од 1 јули се отвра за странски турити

Шпанија од 1 јули ќе го укине двонеделниот карантин за странските туристи, објави денеска шпанската Влада.

Шпанската министерка за надворешни работи Аранча Гонзалез Лаја на својот профил на Твитер напиша: „Најлошото е зад нас” со емотикони бикини, очила за сонце и куфери.

Во јули, постепено ќе ја отвориме Шпанија за странските туристи, ќе го укинеме карантинот, ќе ги обезбедиме највисоките здравствени стандарди. Со нетрпение очекуваме да ве угостиме, напиша таа на Твитер.

На баровите и рестораните во Мадрид и Барселона од денеска им е дозволено да работат во надворешниот дел со половина капацитет, но многумина остануваат затворени прашувајќи се дали тоа ќе биде профитабилно за нив.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата