Златан Ибрахимовиќ би можел да биде на повеќемесечна пауза, откако заработил повреда за време на тренинг на својот тим. Тренинг натпреварот завршил „кобно“ за робусниот голгетер кој го повредил листот.

„Скај Спорт“ известува дека, сепак, станува збор за ахиловата тетива што значи дека ќе биде на повеќемесечна пауза. Швеѓанецот уште денеска ќе биде подложен на лекарски прегледи.

Ибра го напуштил тренинг кампот со болна гримаса, што навестува дека не е добра ситуацијата. Нему му истекува договорот со крајот на сезоната, па евентуална пауза би можело да значи и крај воопшто со Милан, со оглед дека се шпекулира дека ќе се врати во Шведска и во Хамарби ќе ја заврши кариерата.