ПИЈАНА РАБОТА: Браќа правеле журка, па кога дошла полицијата ај што ги нападнале полицајците, фатиле и да бегаат

25.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПИЈАНА РАБОТА: Браќа правеле журка, па кога дошла полицијата ај што ги нападнале полицајците, фатиле и да бегаат

Утрово во 4 часот, до полицијата стигнала поплака за гласна музика во с. Кучевиште, Скопско на ул. „4“ во близина на црквата “Св.Спас“, во семејната куќа на лицата Љ.К. и В.К..

Полициските службеници кои интервенирале, физички биле нападнати од двајцата браќа, кои биле во видно алкохолизирана состојба. Потоа, Љ.К. и В.К. се дале во бегство, но набргу биле пронајдени и приведени во Полициската станица Чаир. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата