Филипче разочаран: ЗАГРИЖУВАЧКИ СЕ СЛИКИТЕ ОД ПРОСЛАВАТА НА РАМАЗАН БАЈРАМ

25.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Филипче разочаран: ЗАГРИЖУВАЧКИ СЕ СЛИКИТЕ ОД ПРОСЛАВАТА НА РАМАЗАН БАЈРАМ

Министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека се загрижувачки фотографиите кои во текот на вчерашниот ден се појавија на социјалните мрежи, каде што се гледаат многу луѓе како празнуваат во верски храм. Тој истакнува дека и покрај апелите да нема масовни собирања, тоа не се случило.

„Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки. И покрај апелите на здравствените институции да нема масовни собирања, да се почитуваат мерките за држење дистанца и ограничувањето на движењето, тоа не се случи.

Го почитувам празнувањето и силно верувам дека тоа се значајни настани за сите нас, независно на која вера припаѓаме. Но, оваа година празниците во целиот свет се празнуваат на еден поинаков начин, ставјаќи го сопственото здравје и на нашите сограѓани пред се и над се.

Им благодарам на граѓаните кои се придржуваат кон мерките, а кои за жал, понатаму можат да бидат изложени на ризик поради оние коишто тоа не го прават.“, напиша Филипче.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата