НЕВИДЕН ВАНДАЛИЗАМ ВО ТЕТОВО!

25.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НЕВИДЕН ВАНДАЛИЗАМ ВО ТЕТОВО!

Во строгото централното градско подрачје помеѓу плоштадот и поштата општинските служби бележат целосно демолирање на една од клупите кои Тетово ги доби минатата година како донација. Ова не е единствен пример на вандализирање на донираните клупи. Во текот на изминатата година неколку од клупите кои на најразличен начин се искршени и поради тоа оштетени и потоа веќе нефункционални.

-Вандализмот е очигледно штетен и скап, но од друга страна, исто така, служи како грд пример на социјално однесување, за тоа како не треба се однесуваме. Она што е оштетено од несовесни и социјално неосвестени граѓани ќе биде обновено, а овие слики ќе ги оставиме да сведочат и да бидат пример за тоа како не треба да се однесуваме со нешто што е изградено за наше добро, напиша градоначалничката Теута Арифи на профилот на социјалната мрежа Фејсбук.

-Луѓе кои не го сакаат заедничкото добро всушност не се сакаат и себе си, пишуваат дел од луѓето во коментарите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата