Чудна, но вистинита информација е објавена од самата Општина Кочани која се пожали јавно.

Кракот од улицата „Стамен Манов“ во Ромското Маало во Кочани, кој денеска беше бетониран, моментално е уништен. Жители на улицата, додека бил свеж бетонот, си земале од него и го распоредувале по сопствена волја.

И покрај сите заложби да обезбедиме пристојна инфраструктура, неодговорни граѓани го уништуваат направеното. Навистина жалиме што со вакви пречки во реализацијата на проектите често се соочуваме.

Уништувањето на патната инфраструктура значи уништување на јавното добро и е казниво со закон – соопшто Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Најчитани вести