На 24.04.2020 во 01:20 часот, во атарот на струшката населба Теферич, пронајдени и приведени се Б.С.(34) и С.К.(32), двајцата од Струга.
Приведувањето е извршено, откако во 01:07 часот во Полициската станица во Струга, од затворот во Струга е добиено телефонско известување дека двете лица избегале од казнено поправната установа каде издржувале затворска казна.