Од Ковид-19 почина пациент од Скопје, регистрирани 20 новозаразени

23.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од Ковид-19 почина пациент од Скопје, регистрирани 20 новозаразени

Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на Ковид-19 од кои 16 се во Скопје, а по два во Куманово и Прилеп.

Од Министерството за здравство информираат дека во болницата „8 септември“ починал 63-годишен пациент од Скопје, примен на болничко лекување на 6 мај како сомнителен на Ковид-19, а како позитивен бил потврден еден ден подоцна.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 24 оздравени пациенти од кои 4 се од Скопје, Куманово-3, Прилеп-5, Тетово-6, Велес-4 и двајца во Битола.

Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.941, бројката на оздравени пациенти е 1.411, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 417.

Досега во земјата се направени вкупно 24.762 тестирања на Ковид-19.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата