Викендов продолжува Бундес лигата со 27 коло, а понудата е збогатена затоа што ќе има и натпревари од Чешка, Унгарија, Ерменија…

Денеска се играат два интересни натпревари, едниот е помеѓу Волфзбург и Борусија Дортмунд, а вториот е Менхенгладбах – Баер Леверкузен. Ние ќе се потпреме на овој вториот кој е борба за место во ЛШ. Менш е трет на табелата, додека Леверкузен е на петото место. Сепак, бодовната разлика е само два бода.

Затоа овој меч е важен и за едните и за другите. Во претходното коло Леверкузен го смачка Вердер во Бремен со 4:1, додека Менхенгладбах го победи Ајнтрахт сред Франкфурт со 3:1. Па така во добро расположение одат на мегдан.

 

БУНДЕС ЛИГА, 27.коло

М’ГЛАДБАХ – ЛЕВЕРКУЗЕН
Сабота, 15.30 ч.
Шифра: 3011

ПРЕДЛОЗИ
1+I&2+II    1,97
ВГ 3-4   2,20
* квотите подлежат на промени

СИТЕ КВОТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НА ОВОЈ ЛИНК

Инаку во 75 бундеслигашки натпревари помеѓу Менш и Леверкузен имало 249 голови или во просек повеќе од три по натпревар. Леверкузен имаше супер серија од 26 првенствени мечеви без пораз од Менхенгладбах помеѓу 1994 и 2010 година, но Борусија ги доби последните три средби.

КОМПЛЕТНАТА БУНДЕСЛИГАШКА ПОНУДА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Алесане Плеа е најдобриот напаѓач на Менхенгладбах сезонава со девет голови и седум асистенции. А во понеделникот, во триумфот над Вердер, Баер „лансираше“ талент – Флоријан Вирц стана најмладиот дебитант на клубот во Бундес лигата. Тој настапи со 17 години и 16 денови (го надмина претходниот рекорд на Каи Хаверц).

За Менхенгладбах нема да играат Џонсон и Закарија поради повреди, а за Леверкузен вон стројот се Ларс Бендер и Кевин Фоланд.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore