Фабио Капело е еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот. Не треба да се трошат зборови што се освоил италијанскиот стратег, со кои се фудбалери соработувал, и каде се бил селектор.

Па затоа интересно е да се види неговиот избор на идеалните единаесет фудбалери со кои тој соработувал.

А тоа се: Буфон, Р. Карлос, Кафу, Малдини, Барези, Редондо, Раул, Савичевиќ, Тоти, Гулит, Ван Бастен, Роналдо (бразилецот).

Не, не грешка, тука има 12 играчи но само поради тоа што Капело не беше сигурен каде да го стави Тоти.

Инаку формацијата е 4-3-3, ама според имињата ова е супер офанзивен состав. Најдоброто од Реал, Милан, Рома и Јуве каде беше “шеф“, но интересно нема ниту еден англичанец во него, ако се знае дека Капело беше селектор и на “Гордиот Албион“.