МАКЕДОНЕЦ СПАСЕН ОД БОЦЕВЕСКИ: Дури и Србите ни рекоа – „Свака част брачо Македонци, тако се то ради“

23.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МАКЕДОНЕЦ СПАСЕН ОД БОЦЕВЕСКИ: Дури и Србите ни рекоа – „Свака част брачо Македонци, тако се то ради“

Статус на Филип Штаклев:

Епа вака, денешниот статус сакам да го посветам на нашиот Амбасадор Ивица Боцевски во Бразил и МНР. Пред 65 дена мојата компанија, како и голем дел од светот престана со работа, буквално се заглавивме, ни ваму, ни таму.

Но, бевме оптимисти и мислевме дека сѐ ке се заврши во рок од месец дена, но, како времето поминуваше сфаќавме дека уствари во скоро време нема да се реши, во Америка тек почна да се шири, деновите поминуваа, секој ден губевме сѐ повеќе надеж дека во скоро време ќе се вратиме дома, почнаа нервози од секаков вид, но еден ден добив порака ( како не знам ни јас, од нашиот Амбасадор во Бразилија, Ивица Боцевски, тој ме праша за мој информации и да му дадам информации на сите македонци заглавени во странство и направи група на WhatsApp за постојана комуникација со сите нас. Од еднаш надежта се разбуди пак, сфативме дека сепак не сме заборавени од нашата татковина.

За ден, почна целиот процес, Ивица и МНР им понудија на компаниите дека иако аеродромот во Македонија е затворен, ќе се отвори за нас.

Сепак, тука играа улога доста држави. Не можевме да направиме никаков излез од Америка. Така со брод започна нашето пловење од Америка до Европа.

Не повикаа од компанијата и ни покажаа документ дека нашата држава бара ИТНО евакуирање на Македонците ПАК благодарение на Ивица и МНР.

Па така, први ги добивме картите. Од Барселона летот ни беше преку Лондон до Софија, (за нас Македонците треба виза дури и за Транзит во Лондон) но ПАК благодарение на ИВИЦА БОЦЕВСКИ ги добивме сите потребни документи за транзит во Англија (па кога стигнавме на Лондонскиот аеродром имаа список од сите македонци и поминавме без проблем) и финална дестинација Софија.

Од таму Ивица ни обезбеди автобус до Бугарската граница, а на Македонската граница не чекаше автобус до карантин иако пристигнавме во 4 часот наутро.

По неколку часа, стигнавме во Хотел Дрим во Струга, уморни и искрено ( во очекување на лош однос према нас од вработените според читаните статуси).

Пред автобусот не чекаа двајца инспектори и неколку војници, влегоа во автобусот и ги повикаа брачните парови, и тие кои што се во врска и сакаат да се заедно во соба.

Појдовме сите во собите(Собите и храната се одлични!) Војник дојде по одредено време и ни кажа “дечки, знам дека сте од Скопје, што и да ви треба, ве молам, кажете ми мене јас ке ви купам, само не излегувајте од соби.

ОДНОСОТ ПРЕМА НАС ОД СТРАНА НА ИВИЦА БОЦЕВСКИ, МВР, ВЛАДАТА, ОД ПОЧЕТОК КОГА ЗАПОЧНА ЦЕЛАТА ЕВАКУАЦИЈА НА 20 МАРТ, ПА СЕ ДО ОВОЈ ДЕН, Е БЕСПРЕКОРНА, И РЕАЛНО ИЗНЕНАДУВАЧКА!!!

Пс: Дури и Србите што се толкави националисти, пред заминување ни рекоа -“Свака част брачо Македонци, тако се то ради”!

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата