Почина фолк легендата на хитот „ТИ СИ ЖЕНА МОГ ЖИВОТА“

22.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина фолк легендата на хитот „ТИ СИ ЖЕНА МОГ ЖИВОТА“

Почина српскиот фолк пејач од постарата генерација Мирослав Радовановиќ, кој ќе остане вечно запаметен по неговиот голем хит од 1973 година „Ти си жена мог живота“ , кој подоцна стана евергрин, песна која ја пееа и се’ уште ја пеат многу генерации.

Многу од неговите колеги се збогуваат со фолк легендата преку социјалните мрежи, меѓу кои и познатиот пејач Мирољуб Брзаковиќ – Брзи, кој во својот пост како последно збогум напишал:

Замина во вечноста уште еден мој драг колега, а јас имав задоволство да го запознаам и лично, пред неклку години на снимањето на новата програма на ТВ Браничево, ако се сеќавам добро и уште при првиот контакт со него почувствував дека тој е добар и чесен човек… Остануваат некои песни како ваа што ги снимил во 1973 година, што ќе се пеат додека постојат луѓето и светот“ – напишал Брзи во својот пост.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата