Регистрирани 23 новозаразени од Ковид-19, во болница починал 47-годишен тетовец

22.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Регистрирани 23 новозаразени од Ковид-19, во болница починал 47-годишен тетовец

Во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на Ковид-19 од кој 12 во Скопје, 4 во Куманово, 2 во Прилеп, 4 во Тетово-4 и еден во Неготино.

Како што информираат од Министерството за здравство, во болницата „8 Септември“ утрово починал 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на Ковид-19, а потврден за позитивен денеска.

Институтот за јавно здравје денеска регистрирал 9 оздравени пациенти во: Скопје и Велес по тројца и по еден во Прилеп, Струга и Кочани.

Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.921, бројката на оздравени пациенти е 1.387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 422.

Досега се направени вкупно 24.018 тестирања на Ковид-19.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата