НИКОЈ ВЕЌЕ НЕ БАРА СТАН ВО ЦЕНТАР, се бараат куќи на периферија од градот

17.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НИКОЈ ВЕЌЕ НЕ БАРА СТАН ВО ЦЕНТАР, се бараат куќи на периферија од градот

Пандемијата со корона вирусот, според аналитичарите, ќе донесе бројни промени во навиките на луѓето. Такво нешто веќе може да се види на пазарот на недвижности во Србија, тврдат експертите. Како што велат, граѓаните сè повеќе одлучуваат да купат куќи со двор, во предградието на градот, за разлика од претходно популарните станови во центарот на Белград, Ниш, Нови Сад и другите поголеми градови.

Како што пишува „Блиц Бизнис“, со памдемијата нагло порасна побарувачката за викендички во блиските излетнички места и планини а тој тренд не престана дури и по укинувањето на полицискиот час. Реалната промена на пазарот на недвижности, се чини, допрва треба да дојде. Нов тренд е побарувачката за куќи во близина на големи населени места, на околу 15 до 20 километри од центарот на градот, и каде можете да живеете во текот на целата година.

Патувањето од периферијата до центарот, во такви случаи, е до најмногу 30-тина минути што е помалку ако патувате од еден на друг крај на Белград, велат од агенциите за недвижности.

„Граѓаните сега, за време на вонредна состојба, очигледно ги разбраа придобивките од живеење во куќи со двор, особено околу градот. Таму, на пример, тие имаат можност да паркираат автомобил, да имаат одредени линии на јавен превоз, двор, инфраструктура, како и продавници и основни училишта, практично се што им е основна потреба“, вели експертот за недвижнини Милиќ Ѓоковиќ за Блиц Бизнис.

Пред пандемијата на корона вирусот, како што вели Ѓoковиќ, продажбата на вакви куќи била спорадична, а сега има се повеќе вакви барања, а овој тренд сигурно ќе продолжи и во иднина. „Сега е таа тенденција видлива пред се во Белград и во големите градови. Популарни се, на пример Башевац, Враниќ, Авала, Космај, Бараево ... Ова се места од 20 до 30 километри од Белград, каде има добра инфраструктура, како и некоја варијанта на градски превоз “, вели Ѓoковиќ.

Со зголемувањето на побарувачката се зголемуваат и цените, тие почнуваат малку да растат, но како што вели Ѓоковиќ, „пристојна куќа во околината на Белград, каде што можете да живеете, може да се најде за, да речеме, од 40 до 50 илјади евра. Во Белград за таа цена тешко ќе бајдете и добра гарсоњера“.

„Цените на куќи на периферијата одат и до 100 000 евра, и секако сето тоа зависи од местото, оддалеченоста од центарот, големината на куќата и дворот но, се добива три пати повеќе станбен простор отколку во градот, двор и безбеден, мирен начин на живот.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата