ШАЌИРИ ОД ДУИ ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА И ЗАТОА НЕ ГЛАСАЛ. Богоевски најавува одлука на Собранието, за ВМРО-ДПМНЕ РАСПРАВАТА ЗА ИМУНИТЕТОТ Е ЗАВРШЕНА

23.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ШАЌИРИ ОД ДУИ ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА И ЗАТОА НЕ ГЛАСАЛ. Богоевски најавува одлука на Собранието, за ВМРО-ДПМНЕ РАСПРАВАТА ЗА ИМУНИТЕТОТ Е ЗАВРШЕНА

Во телефонски разговор за ТВ24, претседателот на комисијата, Павле Богоевски истакна дека ова не значи дека е одбиено, но исто така не значи дека се препорачува прифаќање. Според него, ова ќе биде пренесено за одлучување на пленарната седница како што секогаш се прави. Богоевски истакна дека на крајот на денот, „... за имунитетот на одреден пратеник не одлучува самата комисија туку одлучува Собранието во целина“. Со ова се отвора прашањето како ќе се одлучува за имунитетот на Вељаноски понатаму.

Според извори од владејачкото мнозинство, можна опција сега е претседателот на Собранието, Талат Џафери во консултација со стручни служби да даде насока дали воопшто ова прашање ќе им се предаде на пратениците да гласаат „За“ или „Против“ одземањето на имунитетот на поранешниот спикер на пленарна седница. Во спротивно неизвесно е кој и дали воопшто ќе може да се препорача на парламентарците одземање имунитет на Вељаноски на пленарна седница, каде ќе требаше да се усвои барањето со 61 пратенички глас, односно со просто мнозинство. За пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ состојбата е јасна – процедурата застанува тука, со оглед на фактот дека како што велат, Комисијата нема одлука и Собранието нема за што да расправа понатаму.

Според извори од ДУИ исто така е нелогично да не се продолжи прашањето на пленарна седница, без разлика на исходот од Комисијата. Од партијата на Ахмети потврдуваат дека членот на комисијата, Агим Шаќири завршил во болница за време на одржувањето на паузата која беше дадена до 21 часот и поради тоа не учествуваше при гласањето.

Извор: 24.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата