ТЕШКА ТРАГЕДИЈА: Глумецот од филмот HANGOVER пронајден мртов во својот стан

23.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТЕШКА ТРАГЕДИЈА: Глумецот од филмот HANGOVER пронајден мртов во својот стан

Актерот и комичар Броди Стивенс (48) беше пронајден мртов во Лос Анџелес.

Се чини дека ѕвездата на филмовите Hangover и Due Date се самоубил во петокот, а полицијата објави дека веројатно причината за смртта е "самоубиство" со бесење. Телото на Броди беше пронајдено пред неколку часа, а медиумите известуваат дека полицијата во моментов разговара со неговото семејство.

Броди, кој играше полицаец во Hangover, беше редовен изведувач во најпознатите клубови на Западниот брег на САД.

Броди Стивенс

Неговиот агент даде изјава на медиумите:

"Броди беше глас на инспирација, пријател на многумина во заедницата на комедијантите, тој ги менуваше креативните граници и неговата страст за работа и љубов кон бејзбол беа заразни. Многу го сакаа и на многумина ќе им недостига".

Познато е дека Броди страдал од депресија и ментални проблеми, а тој и Зак Галипијанакис продуцираа емисија за неговата борба со биполарно растројство.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата