(Видео) Жестоки судири меѓу војската и демонстрантите на границата меѓу Венецуела и Колумбија

23.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Жестоки судири меѓу војската и демонстрантите на границата меѓу Венецуела и Колумбија

Драматична станува ситуацијата на границата меѓу Венецуела и Колумбија. Како што објави Би-би-си, повикувајќи се на локални медиуми, едно лице загинало, а 14 се повредени во конфликтот меѓу војската и демонстрантите.

Конфликтот изби меѓу локалните жители и безбедносните сили на границата, додека противниците на венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, се подготвуваат преку границата во земјата да пренесат стотици тони хуманитарна помош. Притоа, дел од венецуелските војници ги напуштија своите позиции на границата.

Ваквиот гест на некои од војниците е во контекст на напорите на венецуелската опозиција од границата со Колумбија во земјата да внесе хуманитарна помош, пренесува Би-би-си.

Околу 600 тони храна, лекови, средства за хигиена и друга хуманитарна помош главно од САД, се наоѓаат во Кукута, пограничен град во Колумбија.

Помошта беше донирана на барање на опозицискиот лидер на Венецуела, Хуан Гваидо, кого повеќе земји го признаа како привремен претседател, додека Мадуро е под притисок да поднесе оставка.

Мадуро, пак, смета дека хуманитарната операција е изговор за американска воена интервенција во Венецуела и негово соборување од власт.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата