Подмладокот на ЕПП го осуди НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЕКС МИНИСТРИТЕ ЈАНАКИЕСКИ И РИСТОВСКИ

23.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Подмладокот на ЕПП го осуди НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЕКС МИНИСТРИТЕ ЈАНАКИЕСКИ И РИСТОВСКИ

Советот на Подмладокот на Европската Народна Партија, на состанокот во Прага, едногласно ја прифати, итната Резолуција, предложена од Унијата на младите сили на ВМРО ДПМНЕ, со која „Се осудува политичкото гонење во Република Македонија и ниското ниво на владеење на правото во државата “.

Унијата на млади сили од ВМРО ДПМНЕ, преку усвоениот документ, ја доби поддршката од колегите од европските партии, со кој, јасно и недомислено, се бара, итно запирање на актуелниот политички прогон над членовите на партијата, од страна на СДСМ, подигнување на нискиот степен на владеење на правото во земјата, преку ослободување на судските органи од стегите на власта, и овозможување слобода во изразувањето на сите чинители во општествениот и политички живот во земјата.

Со резолуцијата, едновремено се осудува и нападот и претепувањето на двајцата поранешни министри од ВМРО ДПМНЕ во притворското одделение во Шутка, од страна на осудени лица инволвирани во терористичкиот напад кој се случи во Куманово во 2016 година, во кој животот го загубија 9 полициски службеници и десетина други беа тешко повредени.

Делегацијата на УМС на ВМРО ДПМНЕ, во која учествуваат секретарот за меѓународна соработка Филип Ѓорѓиев и членот на ИК, Владимир Ристов, учествува на Собранието на младинските организации на Европската народна партија во Прага каде над 100 млади делегати дискутираат за процесот на дигитализација и можностите и предизвиците за процесот на демократизација.

На состанокот беше усвоен и Манифест на младите за настап на европските избори во мај 2019 тата година.

Делегацијата на УМС, на маргините на Собранието на подмладоците на европските партии, оствари бројни средби со претставниците на сестринските организации и учествуваше во изготвувањето на неколку програмски документи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата