Се огласи и Мицкоски: Паѓа деспотизмот на Заев и доаѓа заедничката победа на народот

23.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се огласи и Мицкоски: Паѓа деспотизмот на Заев и доаѓа заедничката победа на народот

Откако беше објавено дека професорката Гордана Силјановска Давкова за неколку часа ги собра потребните потписи за кандидатура за претседател на државата на својот Фејсбук профил се обрати и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој порача дека ова е силен показател дека граѓаните застануваат зад личност и политика на принципи, вредности и разум.

Мицкоски потенцира дека ова е време на несигурност, на загубени и загрозени животи но народот ги прочита, и ја препозна новата шанса, новата надеж.

„Да си ја вратиме татковината, Македонија на граѓаните кои сакаат достоинство, мирен живот и правна држава.“

Посочува дека е потребен претседател кој ќе се бори против неправдите, и ќе опстојува за правда за Македонија и сите нејзини граѓани.

Паѓа деспотизмот на Заев и доаѓа заедничката победа на народот. Обединити и силни ќе светне денот за сите граѓани на независна и суверена Република Македонија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата