Силјановска за неколку часа собра 10 илјади потписи и се ЗАБЛАГОДАРИ (ВИДЕО)

23.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силјановска за неколку часа собра 10 илјади потписи и се ЗАБЛАГОДАРИ (ВИДЕО)

Во рок од неколку часа професорката по уставно право и политички систем Гордана Силјановска Давкова собра над 10 илјади потписи на граѓани кои застанаа зад нејзината кандидатура за претседател на Република Македонија, дознава „Република“.

Професорката Силјановска Давкова инаку е претседателски кандидат од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ на идните претседателски избори во Република Македонија.

Денеска масовно граѓаните на Охрид, Тетово, Прилеп и Кавадарци се потпишуваат за поддршка на Гордана Силјановска.

Инаку Силјановска не мора да го прави тоа, бидејќи ја има поддршката од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но уште на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга рече дека ќе ги собира овие потписи за да се прикаже како натпартиски граѓански кандидат.

Претходно вчера таа на својот Фејсбук профил напиша:

Како што ветив во Струга, Ве известувам дека формално ја информирав Државната Изборна Комисија за започнување на процесот на собирање на најмалку 10 илјади потписи за претседателската кандидатура Од утре сите вие што мислите дека е време во Македонија да започнат суштински промени на подобро, на 46 локации низ цела Македонија ќе може да ги дадете вашите потписи. Време е без разлика на партиската, етничката, половата, старосната структура да се обединиме и да ја вратиме Македонија во нормала Во текот на денот дополнително ќе бидете информирани за точните локации, процедури и потребни документи“, информираше Силјановска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата