Затворена ординацијата во Аеродром каде што се оперирал починатиот пациент од сепса

23.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Затворена ординацијата во Аеродром каде што се оперирал починатиот пациент од сепса

Државниот санитарен и здравствен инпекторат информира дека извршил вонреден инспекциски надзор во специјализираната ординација по пластична и реконструктивна хирургија „Др сци мед. К. Митаноски“ лоцирана во општина Аеродром, во врска со слуајот на починатиот пациент во градската општа болница „8 Септември“ на 22 февруари 2019.

Во моментот на увидот, ординацијата е затекната затворена, по телефон е викнат сопствениокот кој е носителот на дејност согласно решение издадено од Министерството за здравство. Истиот е пензионер и нема вработено друг кадар во ординацијата. При надзорот од страна на докторот даден е податок дека операционата сала повремено му ја издава на користење на доктор Ѕвонко Николовски од ПЗУ Јанита во Скопје. Починатиот пацинет е третиран во оваа сала, стои во соопштението на ДСЗИ.

Во врска со затекната фактичка состојба од страна на ДСЗИ записнички е изречена времена забрана за вршење на здравтвена дејнсот во наведената ординација со поставување на службена лента и во наредните деновови ќе следат соодветни инспекциски мерки и постапки.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата