Гваидо: Официјални лица блиски до Мадуро веќе се побегнати во Турција

23.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гваидо: Официјални лица блиски до Мадуро веќе се побегнати во Турција

Водачот на венецуелската опозиција кој се прогласи за привремен претседател, Хуан Гваидо, на Твитер излезе со тврдење дека дел од администрацијата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, побегнала во Турција.

„Војниците сè уште не знаат дека високи функционери кои осудуваат сè, веќе побегнале во Турција“, напиша Гваидо на „Твитер“, а пренесе агенцијата „Тасс“.

Во четвртокот Мадуро нареди затворање на границата со Бразил, а вчера потпретседателката, Делси Родригез, нареди привремено затворање на три мостови кои ги поврзуваат Венецуела и Колумбија.

Поддржувачите на Гваидо, планираа да внесат неколку тони хуманитарна помош и медицински потрошен материјал преку сега затворените гранични премини, а помошта беше испратена од страна на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата