Пилот заспа за време на лет, но компанијата ќе го казни и неговиот копилот

23.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пилот заспа за време на лет, но компанијата ќе го казни и неговиот копилот

Главен пилот на лет, со речиси 20-годишно искуство зад себе, неодамна беше снимен како спие во полотската кабина на авион „боинг 747“. Снимката била направена од страна на неговиот копилот.

Видеото се појави само неколку дена откако авиокомпанијата China Airlines стави крај на седумдневниот штрајк започнат поради набиениот распоред на пилотите.

Челниците на авиокомпанијата велат дека видеото е направено пред пилотите да стапат во штрајк, а очигледно е дека тие навистина не можеле да го издржат темпото на летање.

Иако не сакале да го именуваат пилотот, медиумите дошле до информации дека станува збор за еден од најискусните во компанијата, кој редовно е на летови до Токио, Окинава, Сеул и Хонг Конг.

Покрај тоа што ќе биде покрената постапка против овој пилот, одговорност ќе сноси и копилотот, кој, наместо да го разбуди, правел слики од него.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата